Неговиот главен додаток деновиве се голема црвена чанта и капи
Иако се уште важи за еден од најатрактивните актери во светот, Бред Пит (59) во последно време изненадува со својот стил. Тој снима филм со својот колега и пријател Џорџ Клуни, а папараците последниве денови успеаја да го фотографираат актерот во многу интересни комбинации.
Освен необичниот избор на бои и еклектичниот стил, Бред изгледа не се одвојува од големата црвена чанта, а се чини дека капите во различни форми и материјали станаа негов заштитен знак.
Меѓутоа, во последното издание тој се надмина, појавувајќи се во џемпер во пастелни бои, фармерки, со чантата што мора да ја имате и волнена зелена капа.
Младешкиот изглед, интересните комбинации, експериментирањето со боите се вистински показател дека никогаш не е доцна за промени.