Доколку имате проблеми со митесери на лицето, ова е вистинската маска за вас
Целосно чистото лице е сон на секоја девојка. Сепак, речиси секој барем во некој период или дел од лицето има проблем со акни или митесери. Црните точки најчесто се јавуваат на носот и се чини дека се најупорни.
Треба да се избегнува стискање и чепкање, а доколку сакате да ја минимизирате видливоста на митесерите, можете да се обидете да се ослободите од нив на природен начин. Можете сами да направите маска од две состојки.
Состојки:
3 лажички зелен чај
една лажичка кафеав шеќер
половина лажичка сок од лимон
Кога ќе се соединат сите состојки, нанесете ја смесата на лицето и оставете да отстои околу 15 минути. Потоа исплакнете.
Можете да додадете и една белка од јајце, бидејќи содржи состојки кои можат да ги стеснат порите и да спречат нечистотии да влезат во нив.
Главната состојка на маската е зелениот чај кој е богат со антиоксиданси и може да помогне митесерите полесно да излезат од порите.