„Октопод“ фризура: Нов тренд за коса кој е модерна верзија на фризурата на Рејчел од 90-тите

popara3 април, 20231min00
o_28567921_1280

Порано едноставно се нарекуваше степенаста фризура, што значеше дека одреден дел од косата, најчесто онаа кон лицето, постепено се сечеше така што врвовите беа со различна должина. Сега има неколку варијации на овој стил, а најновата е таканаречената фризура „октопод“. Последна која се пофали со ваква промена на косата е Деми Ловато. Актерката и пејачка се збогуваше со кратката фаза на пикси фризура и веројатно со помош на екстензии гордо го покажа својот нов гранџ имиџ.

image

Ако фризурата изгледа малку познато, тоа е затоа што овој нов тренд е всушност модерна верзија на фризурата „Рејчел“ популарна во деведесеттите. Оваа фризура ја популаризираше Џенифер Анистон, односно нејзиниот лик Рејчел од серијата „Пријатели“. Тоа е всушност слоевита текстурирана коса, со пократки слоеви на врвот на главата, а остатокот од косата паѓа под рамената. Со оглед на тоа што Ловато неодамна имаше кратка коса, новата фризура е всушност или перика или екстензии.

image

Оваа„октопод“ фризура е само еден од многуте трендови инспирирани од животинскиот свет. Тука е и популарниот крој „волк“, како и „медуза“. Сосема се разликува од фризурата „мулет“, која ја носеше и Ловато, а владееше во ерата на осумдесетите.

Разредените прамени на краевите се голем дел од овој стил, а ги прифатија и сите оние кои сакаат модерен изглед и фризура која изгледа убаво и шик без многу труд. Друг плус на оваа фризура е тоа што е многу приспособлива и може да се направи на речиси сите типови и текстури на коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma