Трикови кои ќе ве воодушеват
Еве неколку одлични трикови за да ја одржите секоја соба свежа и секоја површина чиста, користејќи омекнувач, вели „Hellaproperty“.
Го освежува просторот
Наполнете шише со распрснувач со омекнувач и вода во сооднос 1:3 и испрскајте ги завесите и теписите, а на овој начин можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.
Ги отстранува старите тапети
Полно капаче омекнувач измешајте со 4 дл вода, натопете сунѓерче и оставете го да отстои 30 минути, а потоа со него премачкајте ги тапетите.
Ги чисти загорените тави
Загорените тави може да бидат вистинска мака. Наместо агресивно да ги триете, обидете се да ја натопите тавата во омекнувач измешан со топла вода. Оставете да делува преку ноќ и наутро полесно ќе се измие. Загорената кора веднаш ќе падне.
Ги обновува четките
Измијте ги четките за фарбање и чистење на облеката во 2 литри вода со капка или две омекнувач и тие ќе бидат многу помеки.
Отстранува траги од вода
Додадете 1/2 чаша омекнувач во 1/2 чаша топла вода и испрскајте ја површината. Исчистете со сунѓер и оставете да се исуши. Треба да ја избришете дамката и нема да остане никаков хемиски мирис.
Спречува таложење прашина
Истурете капка или две неразреден омекнувач на мека крпа и избришете ги телевизорот и компјутерот. Ова ќе го елиминира статичкиот електрицитет и ќе „собираат“ помалку прашина.
Ги чисти на стаклените површини
Истурете омекнувач и вода во сооднос 1:4 во шише со распрскувач. Испрскајте мека крпа и избришете ги прозорците, туш кабината, огледалата, а потоа избришете ги сите тие површини со сува крпа.
Ги омекнува теписите
За да ги омекнете влакната и да го освежите мирисот, измешајте топла вода и омекнувач, испрскајте ја добиената смеса на тепихот, оставете неколку минути и измијте со средство за чистење теписи на пареа. Важно е добро да го измиете, доколку имате мали деца или домашни миленици.