Иако јаткастите плодови се калорични, во исто време можат да помогнат да се елиминираат масните наслаги, особено оние на стомакот.
Покрај бадемите, кои долго време се на листата на супер-здрави намирници кои ве одржуваат витки, нутриционистите препорачуваат во исхраната да ги вклучите и ф’стаците, бидејќи се богати со здрави незаситени масти.
Студија од 2014 година објавена во The American Journal of Clinical Nutrition покажа дека јадењето јаткасти плодови може да помогне да се елиминираат мастите од стомакот.
Јадењето ф’стаци, исто така, може да има ефект врз струкот. Студијата за исхрана спроведена во 2014 година опфати две групи на испитаници; на една, која имала метаболички синдром, ѝ биле додадени ф’стаци во исхраната, додека контролната група била на слична диета, но без ф’стаци.
Групата што консумирала ф’стаци имала намален обем на половината во споредба со контролната група. Истовремено, кај членовите на групата што јадела ф’стаци, се намалило нивото на вкупниот и таканаречен лош холестерол, а зголемено е нивото на адипонектин.
Ниските нивоа на адипонектин може да доведат до дебелина, дијабетес тип 2 и метаболички синдром, според Клиниката во Кливленд.
Во една студија од 2020 година објавена во списанието Апетит, 30 жени јаделе 44 грама ф’стаци наутро без да бидат прашани да го прилагодат внесот на калории, односно не ги промениле постоечките навики во исхраната. Во контролната група имало и 30 жени кои не додале ф’стаци во своето вообичаено дневно мени.
Иако жените кои додале ф’стаци во својот појадок не ослабеле, нивната исхрана се менувала со текот на времето. Јаделе помалку јаглехидрати и скроб, бидејќи им се намалил апетитот и биле позадоволни.
Ф’стаците исто така можат да помогнат во управувањето со шеќерот во крвта, според студија од 2014 година. Во споредба со контролната група, луѓето кои јаделе 25 грама ф’стаци дневно го намалиле нивниот HbA1C и гликозата во крвта.
Следењето на шеќерот во крвта може да биде подобар показател за тоа како телото согорува масти за енергија.
Ф’стаците содржат олеински и линолни масни киселини, кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес и да го подобрат цревниот микробиом. Според WebMD, цревниот микробиом може да влијае на способноста за слабеење.