ОМИЛЕНАТА РАФАЕЛО ТОРТА! Се прави без печење, а вкусот е феноменален

popara24 март, 20231min00
679233_delicious-homemade-napoleon-cake-top-view-1_f

Едниот фил од кокос, а другиот фил од мелени бисквити – едноставно совршено.

Состојки:

1 литар млеко од соја

3 кесички пудинг од ванила

120 гр маргарин

100 гр посно бело чоколадо

3 лажици шеќер

180 гр кокос

200 гр посни мелени бисквити

1 пакување посни бисквити

сок од портокал

Подготовка:

Измешајте го пудингот со шеќерот и 300 мл млеко да нема грутчиња. Загрејте го преостанатото млеко и додадете го пудингот. Варете додека не се згусне со постојано мешање. Додадете го посното бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Тргнете го од шпоретот и покријте со фолија, а потоа оставете да се излади на собна температура.

Потопете ги бисквитите во сокот од портокал и наредете ги во калапот. Во изладениот пудинг додадете го маргаринот на собна температура кој претходно сте го изматиле.

Смесата поделете ја на два еднакви дела, на едниот додадете го кокосот, а на другиот мелените бисквити и убаво измешајте. Во калапот прво прелијте ги бисквитите со филот со бисквити, па филот со кокос. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер.

Можете да го украсите со кокос или по желба.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma