Дали вашите цвеќиња се безживотни, листовите им паѓаат или пожолтеле? Не го фрлајте растението, бидејќи ви носиме рецепт за препарат кој сигурно ќе го врати во живот!
Ви треба:
една кора од банана
лажица мелено кафе
лушпа од едно јајце
Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и покријте ги со еден литар вода. Сè добро измешајте. Добиената смеса посипете ја врз растението со лажица. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват.