Пред спиење, измасирајте ја смесата на секој дел од ноктот
Постуденото време доведува до сушење на кожата, а понекогаш само нанесувањето крем не е доволно. Кршливите нокти на сува кожа доведуваат до појава на кутикули. Освен што влијаат на естетиката, тие можат да бидат и многу болни.
Покрај редовното нанесување на крема за раце, одвреме-навреме треба да и давате дополнителна нега на вашата кожа. Направете масло од три состојки што храни и хидрира.
Состојки:
1 лажичка маслиново масло
6 капки масло од чајно дрво
1 лажичка бадемово масло
Сите состојки ставете ги во една тегличка, па измешајте ги со дрвена лажица. Чувајте ја теглата на ладно и суво место.
Пред спиење, масирајте ја смесата на секој дел од ноктот. Можете исто така да користите стапчиња за уши.