Оревите се БОМБА за организмот: Само една шака дневно влијае на срцето, мозокот и кожата, а еве и КАКО

popara10 февруари, 20231min00
Orasi-2

Околу 20 грама ореви дневно е сосема доволно

Дали знаете колку една шака ореви може да го подобри вашиот ден и вашето здравје? Оревите се најдобар извор на протеини, влакна, магнезиум и омега-3 масни киселини, како и витамин Б6.

Благодарение на нивните благодети, поволно делуваат на бројни процеси во организмот, со што го намалуваат холестеролот и триглицеридите, благотворно делуваат на здравјето на кожата и ги ублажуваат воспалителните процеси. Исто така, одлични се за оние кои страдаат од висок крвен притисок бидејќи оревите го намалуваат.

Ако се прашувате колку ореви дневно се потребни за да се задоволат потребите на организмот, знајте дека околу 20 грама се повеќе од доволно. Истражувањата докажаа дека луѓето кои консумираат само неколку ореви дневно имаат помал ризик од коронарни болести на срцето, што може да го намали ризикот од прерана смрт.

Оревите се особено корисни за постарите лица, бидејќи го забавуваат падот на когнитивните функции и ја подобруваат меморијата. Исто така, оревите помагаат во подобрување на подвижноста на спермата, што значи дека целокупната машка плодност ќе се подобри.

Знајте дека само свеж и сиров орев може да ги задоволи сите горенаведени потреби на организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma