ОРЕО ТОРТА КОЈА СЕ ПЕЧЕ ЗА ТОЧНО 6 МИНУТИ: Мека, чоколадна и едноставно неодолива

popara20 септември, 20231min00
Орео торта

Порано,тортите беа комплицирани за подготовка ги правеа само домаќинките со вешти раце,но денес тие се лесни за правење, бидејќи има многу едноставни рецепти.Ви предлагаме да ја пробате и оваа орео торта која ќе ви се допадне на прв залак,а најдобро од сè,потребни се само 6 минути за да се пече.Најчоколадна торта можете да ја направите без многу труд и со само неколку состојки.

Состојки:
28 парчиња орео бисквити
1 лажичка прашок за пециво
250 мл млеко
За ганашот:
150 гр чоколадо
150 мл слатка павлака
Подготовка:
Одделете го белиот крем од чоколадниот бисквит, па добро изблендирајте го бисквитот. Во мелениот бисквит додадете прашок за пециво и измешајте.Потоа истурете го млекото и додадете го белиот крем (кој го одвоивте од бисквитите). Убаво соединете ги двете, па истурете ја смесата во подмачкан сад обложен со хартија за печење и печете ја во микробранова на 750 W точно 6 минути.Извадете ја хартијата од кората,па направете го чоколадниот ганаш така што ќе го стопите чоколадото со слатката павлака,па прелијте го врз колачот.Украсете со мелени орео бисквити.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag