Навиките кажуваат повеќе за нас отколку што можеме да замислиме. Потсвесно, на овој начин испраќаме пораки за состојбата на нашите емоции или начинот на кој размислуваме.
Дали знаете што кажуваат навиките за туширање за луѓето? Иако многу експерти тврдат дека луѓето кои долго се тушираат се исклучително креативни, односно дека под туш се поттикнуваат нови идеи, но и донесување важни одлуки, некои студии дошле до други наоди. Се покажа дека луѓето кои поминуваат подолго под туш или када се чувствуваат повеќе осамено и изолирано. Истражувачите веруваат дека потсвесно го користат тушот како замена за емоционалната топлина што им недостасува.
Исто така, многу луѓе сакаат да пеат додека се тушираат. Ако некое лице го прави тоа гласно додека, да речеме, ја мие косата со шампон, веројатно се секогаш гласни и полни со самодоверба. Не им е грижа дали некој ќе ги слушне, а уште помалку што мислат за нивните вокални квалитети.