Комбинацијата од лимон и нане е многу пријатна за време на летните горештини.
Ледената лимонада со свежи листови нане е пијалок кој лесно се подготвува.
Состојки:
5 лимони
2 литри вода
2-3 гранчиња свежо нане
мраз
ѓумбир (по избор)
100 гр кафеав шеќер, мед
За декорација:
1 лимон исечен на прстени
листови од нане
Подготовка:
Посипете неколку листови нане со шеќер, издробете ги малку, додадете исцеден сок од лимон, прелијте со вода и додајте коцки мраз.
Свежиот пијалок сипете го во бокал, додадете ги исечените прстени лимон и листовите нане.
Можете да направите голема количина лимонада и да уживате во текот на денот.