Освежете се со смути од лубеница и лимон! Овој здрав напиток е идеален за топлите денови

popara16 јули, 20231min00
730379_pexels-bruno-scramgnon-1337825_m

Ова освежително смути се прави брзо и лесно и многу освежува.

Лубеницата е одлична состојка за ладно смути. Вкусна е и сочна, но и многу здрава. Поради високата содржина на вода и влакна, консумирањето лубеница поволно влијае на работата на цревата и варењето.

Лубеницата има малку калории, па затоа е одличен сојузник за слабеење.

За ова освежително смути ќе ви требаат:

  • пет парчиња лубеница исечкана на коцки
  • половина чаша вода
  • две лажици јаворов сируп
  • исцеден голем лимон
  • банана.

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер со четвртина шолја вода и изблендирајте.

По потреба разредете со уште малку вода додека мешате.

Истурете го смутито во чаша, украсете со замрзнати коцки лубеница и уживајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag