Секоја жена во својот гардеробер треба да има и палто покрај кожната јакна
Покрај тоа што ја подобрува секоја модна комбинација, дури и кога се носи преку рака, ова парче облека одлично оди и со патики и балетанки, па дури и со сандали, а во зависност од стилот може да се носи цела година.Модните списанија носат едиторијали со совети за како да го изберете идеалното палто, како да го комбинирате со друга облека и кои се особено во тренд оваа пролет.
Модели за секоја градба
Ако веќе немате палто, штом ви се укаже прилика, купете го и изберете според вашата градба и висина, На ниските луѓе им одговараат пократки модели, до колена или под колена, додека високите слободно можат да носат подолги модели дури и до глуждови. На нив им одговараат трукирани, но и оверсајз модели кои сега се особено популарни. Пониските дами нека се воздржат.
Бои во тренд
Боите на палтата кои се апсолутно секогаш во тренд се крем, кафена, маслинеста и сива.За оваа сезона актуелни се пастелните нијанси, но и црвената, жолтата, бордо.Само внимавајте како ќе ги вклопите со останатиот дел од гардеробата.
Комбинации
Палтото можете да го комбинирате со опуштена гардероба, но и со поелегантни и сериозни парчиња како кошули, здолништа со различна должина или панталони.