Осветлете ја косата со состојки слични на оние од салон: Еве како да направите прамени дома

popara2 август, 20231min00
Screenshot_3

Со доаѓањето на потоплите денови, голем број на девојки сакаат таканаречени „исончани прамени” во косата, што автоматски остава впечаток на свежина и младост.

 

 

 

 

Иако сега се достапни разни хемиски препарати за да ја осветлите вашата коса дома, тие во исто време можат да ја уништат, исушат и да го изгорат скалпот. Еве неколку ефективни третмани за осветлување и негување на косата:

 

Јаболков оцет

 

Јаболков оцет, исто така, се наоѓа во многу бои за коса, заради неговите антиинфламаторни и антибактериски својства. Начинот на кој можете да ја осветлите косата е да истурете вода и јаболков оцет во сооднос 1 : 1 во шише со спреј и да ја прскајте косата секој пат пред миење и оставете ја да отстои неколку минути. Резултатите нема да бидат видливи веднаш, но по неколку повторувања, вашата коса ќе стане природно посветла.

 

Цимет, јаболков оцет, маслиново масло и мед

 

Нанесете ја оваа мешавина на вашата коса пред да ја измиете и оставете ја да отстои најмалку половина час. Циметот длабоко ќе ви го исчисти скалпот, медот ќе му помогне на јаболковиот оцет, а маслиновото масло ќе ги храни врвовите на вашата коса.

 

Лимон и регенератор

 

Додека нанесувањето лимон на вашата коса во никој случај не е препорачливо бидејќи може драстично да ја исушите, мешавината на лимон и регенератор е одлична затоа што ќе ви даде сè што сакате – и осветлени прамени и негувана коса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma