Постојат различни начини да се ослободите од првутот, без оглед на видот и причината. Како да се ослободите од првутот користејќи ефективни природни препарати?
Природните лекови како што се маслото од чајно дрво, промените во исхраната и алое вера можат да бидат подеднакво ефикасни медицински третмани за првут.
Како да се ослободите од првутот:
1. Масло од чајно дрво
Маслото од чајно дрво има антимикробни и антигабични својства, што може да помогне во ублажување на симптомите на првут. Една студија покажа дека ова масло се покажало успешно во борбата против габата Malazessia која може да предизвика и себореичен дерматитис и првут.
Никогаш не нанесувајте масло од чајно дрво директно на кожата неразредено. Прво мора да се разреди во некое основно масло (маслиново, кокосово…) и дури потоа да се нанесе на скалпот и нежно да се масира со врвовите на прстите. Оставете да делува околу половина час, а потоа измијте ја косата со шампон и добро исплакнете. Користете го маслото двапати неделно.
2. Кокосово масло
Познато по своите повеќекратни здравствени придобивки, кокосовото масло може да се користи како природен лек за првут. Истражувањата сугерираат дека може да ја подобри хидратацијата на кожата, да ја спречи сувоста и да го намали воспалението кога се применува како навлажнувач.
Нанесувањето на кокосово масло на кожата ги намалува симптомите на атопичен дерматитис за повеќе од 50%. Кокосовото масло можете да го нанесете директно на скалпот, оставете да делува околу половина час, а потоа измијте ја косата со шампон и добро исплакнете. Но, уште поефикасно ќе биде ако се помеша со масло од чајно дрво.
3. Алое вера
Алое вера е сукулент кој често се додава во козметиката за нега на коса и кожа. Кога се нанесува на кожата, може да помогне во лекувањето на кожни состојби како што се изгореници, псоријаза и херпес.
Истражувањата сугерираат дека антибактериските и антигабичните својства на алое вера можат да помогнат во заштитата од првут. Покрај тоа, тие ги потиснуваат габите, што може да биде корисно во лекувањето на габични заболувања на скалпот. Можете да го нанесете гелот од алое директно на скалпот и да го оставите да делува половина час, а потоа измијте ја косата со шампон и добро исплакнете. Повторете го ова два до три пати неделно.