Ослободете се од подочниците на ПРИРОДЕН НАЧИН: Ако ставите ќесички од овие чаеви на нив, ќе исчезнат за час!

popara17 мај, 20231min00
3203_shutterstock-1438302062_f (1)

Кожата под очите е најделикатна и најтенка, па таму прво се појавуваат знаци на замор. Иако најдобриот лек за подочниците е доволно сон, може да помогнат и природните „лекови“.

Чај

Прва помош е миењето со ладна вода, а за подобро решение ставете на очите две оладени кесички зелен или црн чај и држете ги 20 минути. Поради високата концентрација на теин, овие чаеви го намалуваат отокот, додека билните чаеви како камилицата содржат супстанции кои го смируваат воспалението и црвенилото.

Овошје и зеленчук

Јаболкото е одлично решение и за подуени очи. Изладете го во фрижидер и ставете ги парчињата над очите да се одморат 10 минути. Танинот на јаболкото има антивоспалителни својства и помага во намалување на отокот, а истото важи и за краставицата. Чувајте ги ладните парчиња краставица на затворени очи најмалку 10 минути.

Белки

Белките служат и како природен лифтинг. Се користат како маска за затегнување на кожата бидејќи го спречуваат создавањето на брчки. Во сад измешајте неколку белки да се стврднат, со четка нанесете ја смесата под очите, оставете неколку минути и исплакнете со вода. Кожата сигурно ќе блесне.

Бадемово масло

А ако често се појавуваат темни кругови, набавете бадемово масло и нежно нанесувајте го околу очите секое утро и вечер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma