Веројатно ви се случило да почнете да подготвувате нешто и да сфатите дека ви недостасува прашок за пециво или дека му поминал рокот.
Ако не сте знаеле, има рок на траење од една година, но ако се отвори кесата може да трае само 6 месеци. Прашокот за пециво секогаш чувајте го на ладно и суво место.
Можете лесно да проверите дали прашокот за пециво сè уште може да се користи.
Измешајте 1/2 лажица прашок за пециво со 1/2 чаша топла вода. Ако смесата не прави меурчиња, тоа значи дека е поминат рокот и можете да го фрлите.
Еве како да го замените прашокот за пециво:
- Кремфикс и сода бикарбона
Кремфикс во комбинација со сода бикарбона е еден од најдобрите начини за замена на прашокот за пециво. За да замените 1 лажичка прашок за пециво, измешајте 1/4 лажичка сода бикарбона со 5/8 кремфикс.
- Матеница и сода бикарбона
Киселоста на матеницата дава сличен резултат на прашокот за пециво, па затоа е добра замена. За да замените 1 лажица прашок за пециво, комбинирајте 1/2 чаша матеница и 1/4 лажица сода бикарбона. Намалете ги другите течности во рецептот за 1/2 чаша.
- Кисело млеко и сода бикарбона
И киселото млеко ја има потребната киселост која може успешно да го замени прашокот за пециво. За да замените 1 лажичка прашок за пециво, измешајте 1/2 чаша кисело млеко и 1/4 лажичка сода бикарбона. Исто како кога користите матеница за да го замените прашокот за пециво, намалете ги другите течности во рецептот за 1/2 чаша за сите состојки да се врзат заедно.
- Сода бикарбона и сок од лимон
Измешајте еднакви количини сок од лимон и сода бикарбона. Киселината од сокот од лимон реагира со сода бикарбоната, создавајќи ист ефект како прашокот за пециво. Сепак, внимавајте со количината на лимон бидејќи има силен вкус кој се чувствува во јадењето, пишува „Taste Matters“.