„Златниот глобус“ за најдобра машка улога заврши во рацете на Остин Батлер за неговата изведба во „Елвис“, а наградата за најдобра женска улога ја освои Кејт Бланшет за глумата во „Тар“.
Батлер беше прогласен за најдобар актер во филмска драма – биографија за легендата на рок-музиката Елвис Присли – на синоќешната свечена церемонија.
„Јас сум во оваа просторија со сите мои херои. Не можам да поверувам дека сум тука“, рече Батлер во својот говор, а особено ги истакна Бред Пит и Квентин Тарантино.