Осум намирници кои немаат рок на траење: Можат да траат со години

popara17 декември, 20231min00
34c877262379a89cf29676535e709edc4aa6cb48

Ако правилно се чуваат, овие намирници може да траат со години. Во меѓувреме губат само малку квалитет (иако и тоа е ретко). Следниот пат размислете двапати пред да фрлите една од овие намирници. Ако сте ги складирале добро, голема е веројатноста дека се во ред.

1. Мед

Колку подолго трае природниот мед, толку е повкусен и останува „нерасипан“ без разлика колку години поминале од отворањето на теглата. Единствено што може да направи е да ја промени бојата и да се кристализира, што не го прави помалку здрав и повкусен.

Како да го одржувате свеж: чувајте го медот на поладно место, добро затворен. Доколку се кристализира, ставете ја теглата во топла вода и почекајте медот целосно да се раствори.

2. Ориз

Секој вид ориз има неодреден рок на траење кога се чува подалеку од загадувачи. Единствен исклучок е кафеавиот ориз кој не може долго да издржи поради големото количество масло кое го содржи.

Како да го одржувате свеж: чувајте го на поладно и суво место. Откако ќе се отвори, чувајте го во вакуум затворен сад или во добро затворена кеса за замрзнување. За дополнителна заштита, чувајте го во замрзнувач или фрижидер.

3. Шеќер

Бел, кафеав или во прав – шеќерот не може да се расипе, бидејќи во него не можат да растат бактерии. Вистинската задача е да не дозволите да се стврдне како камен.

Како да го одржувате свеж: чувајте го на суво и ладно место. За да спречите стврднување на шеќерот, чувајте го во вакум сад или чувајте го во оригиналното пакување во добро затворена кеса.

4. Јаки алкохолни пијалоци

Силните алкохолни пијалоци кои се дестилирани – вотка, рум, виски, џин, текила и слично не можат да се расипат, дури и по отворањето. Нивниот вкус и арома може да се изгубат со текот на времето, но тоа воопшто нема да го почувствувате.

Како да ги одржувате свежи: чувајте ги на ладно, темно место, подалеку од директна сончева светлина. Затворете го шишето добро кога не го користите.

5. Чист екстракт од ванила

Чистиот екстракт е многу поскап од „имитација“. Но, бидејќи може да трае вечно, навистина вреди колку што чини.

Како да го одржувате свеж: чувајте го на ладно, темно место, добро затворено кога не го користите.

6. Дестилиран бел оцет

Ова е состојка што се користи во речиси сите јадења – од маринади до преливи за салата. Рокот на траење на малтенот е неограничен, така што може да стои со години.

Како да го одржувате свеж: чувајте го на суво и темно место, добро затворен.

7. Пченкарен скроб / густин

Ова е задолжително во сосовите и пудинзите… Кога се чува на суво и безбедно место, може да трае и со години.

Како да го одржувате свеж: чувајте го на суво и ладно место. Чувајте го пакувањето цврсто затворено помеѓу употребите.

8. Сол

Од класична до морска и кошер сол, солта е засилувач на вкусот кој никогаш не може да се влоши или да го промени својот вкус.

Како да ја одржувате свежа: Едноставно чувајте ја на суво и ладно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma