Отидоа чекор подалеку! Идната шведска кралица воодушеви со божиќната честитка

popara20 декември, 20234min00
o_31611145_1280

Наместо традиционална божиќна фотографија, шведското кралско семејство реши да оди чекор понатаму и да направи божиќно видео. Ненаметливо, но со многу топлина и шарм, идната шведска кралица Викторија им ги честита Божиќ и Новата година на сопругот и децата. Во едно слатко видео имаме можност да ја видиме принцезата во досега невидено издание. Имено, Викторија со сопругот Даниела, 11-годишната принцеза Естел и 7-годишниот принц Оскар ја украсуваат елката, но и самите прават новогодишни украси. Во видеото, малото девојче покажа како се прави венец од тенко исечени парчиња суви портокали, додека принцот Оскар од сребрена хартија направи украс налик на оригами. Принцот Даниел ги учи синот и ќерката како да ракуваат со „пиштолот“ за топол лепак. А во видеото обрнале внимание на секој детал, па додека Оскар ја става својата направена декорација на дрвото со домашни божиќни украси, можете да видите како кралското семејство има и мали шведски знамиња на дрвото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kungahuset 🇸🇪 (@kungahuset)

Принцезата Викторија облекла едноставен црн плетен фустан од брендот Soft Goat кој го искомбинирала со појас Bottega Veneta, а целиот стајлинг го подигнала со златни обетки. Нејзиниот сопруг во видеото носи црна ролка и костум со двојни гради со кафени пруги. Принцезата Естел носи црвено-бело твид здолниште со бел џемпер, додека најмладиот член на семејството, принцот Оскар, е во црни панталони и пуловер со зимски мотиви.

Видео честитката завршува така што семејството на идната кралица се построи пред украсеното дрво и речиси едногласно го честита Божиќ во име на целото кралско семејство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag