Свеченото доделување на МТВ е откажано поради безбедносни причини, односно поради актуелната состојба во светот, соопштија денеска организаторите.
Инаку, настанот требаше да се организира во Париз во недела на 4 ноември.
Некои од ѕвездите кои требаше да се појават се Тејлор Свифт, Оливија Родриго, Мајли Сајрус, Ники Минаж…
– Поради светскиот карактер на настанот, решивме да ги откажеме наградите на МТВ, пред се поради грижа за илјадниците вработени, екипата, уметниците, обожавателите и партнерите кои патуваат од целиот свет за да се случи ова шоу. MTV EMA се годишна прослава на глобалната музика. Додека ги гледаме разорните настани во Израел и Газа, во моментов не чувствуваме дека имаме причина да славиме. Со илјадници изгубени животи, ова е момент за жалост – изјави претставник на Paramоunt.