ОТКРИЕНА ТЕМАТА ЗА МЕТ ГАЛА 2023: Остави огромен белег во светот на модата, па целиот настан е посветен на него (ФОТО)

popara19 јануари, 20231min00
f710d27219aedf053e78542727317a70650a3679

Уметноста на модата

Еден од најголемите модни настани во годината е Мет Гала, а се одржува во рамките на уметничкиот музеј – Институтот за костими Метрополитен.

Оваа година ќе биде во чест на иконата на стилот и модниот свет Карл Лагерфелд, а ќе се одржи на 1-ви мај.

Придружната изложба ќе се вика „Karl Lagerfeld: The Line of Beauty“ и го слави плодниот живот на дизајнерот кој во текот на својата кариера работеше за големите модни куќи „Шанел“, „Фенди“ и „Клои“, а сето тоа е во организација на Вог.

Со овогодинешната гала ќе претседаваат големи ѕвезди од ТВ екранот, спортот и сцената. Меѓу нив ќе бидат Пенелопе Круз и Роџер Федерер.

Водач на настанот е неизбежната Ана Винтур, под чија палка се одвива целата организација.

Низ годините, некои познати личности војуваа со Ана, а поради прозивките упатени на овој настан, тие завршија на забранетата листа за Мет Гала. Винтур изјави дека Доналд Трамп никогаш повеќе нема да стапне на Мет Галата, додека Лили Рајнхарт смета дека поканата оваа година ќе изостане, поради нејзините изјави дека Ким Кардашијан се изгладнувала за да успее да го облече фустанот за претходната гала.

Актерката Ејми Шумахер не е голема обожавателка на овој настан, па во едно интервју изјави: „Таму луѓето се преправаат дека разговараат, не ми се допаѓа таа фарса. Облечени сме како куп идиоти“, и додаде: „Не ме интересира модата, баш и не ми е грижа. Си заминав порано отколку што требаше…Имав шанса да ја запознаам Бијонсе, а таа ме праша: „Дали ова е твојата прва Мет Гала?“ А јас ѝ одговорив: „Ова ми е последна!“

По ова, сигурни сме дека Ана нема да испрати покана со нејзиното име, но Ејми тоа нема многу да ја погоди…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma