Втората сезона на популарната мини-серија „White Lotus“ е снимена во Италија, со што луксузното одморалиште на Сицилија, како и брегот на оваа земја станаа уште попопуларна туристичка дестинација. Во 2023 година пожелно е да се помине летото во Италија, и можеме да ѝ се заблагодариме на серијата на HBO за тоа.
Обожавателите ги изгледаа новите епизоди во еден здив, па беа воодушевени од веста која пристигна по финалето – се подготвува третата сезона од оваа црно-хумористична мистерија, а сега знаеме каде не води режисерот Мајк Вајт – по кадрите од егзотичниот Хаваи и опојната Италија, третата сезона ќе биде лоцирана во едно од одморалиштата Four Seasons во Тајланд. Луксузните одморалишта се наоѓаат во Бангкок, Чианг Маи, Кох Самуи и во регионот на Златниот триаголник, а секој од нив се протега низ градот, покрај брегот и низ џунглата, што на креаторите на серијата им остава многу простор за филмски игри.
Самата локација е поврзана со темата која се провлекува низ епизодите – првата од нив ја тематизираше врската со парите и растечките разлики меѓу сиромашните и богатите, во втората сезона се занимававме со динамиката на љубовните врски меѓу паровите, и третиот ќе се фокусира на смртта, источната религија и духовноста. Сè уште не се знае кого ќе гледаме во главните улоги, но најавени се многу нови лица кои ќе се впуштат во авантура во Тајланд. Она во што засега сме сигурни – нема да недостигаат кадри кои го одземаат здивот и ја поттикнуваат желбата за патување.