Откриено кога се објавуваат шокантните мемоари на Бритни Спирс

popara15 април, 20231min00
eee-830x0

Славната пејачка Бритни Спирс работи на последните подготовки за својата биографија, а критичарите уште сега прогнозираат дека книгата за нејзиниот живот ќе стане бестселер.

 

 

 

Како што пренесуваат странските медиуми, мемоарите на оваа поп-ѕвезда ќе бидат објавени во втората половина на оваа година, а издавачите ја опишуваат книгата како „инспиративен и револуционерен бестселер“.

 

„Книгата на Бритни е приказна за триумфот. Ќе ги опфати нејзините најчувствителни моменти, нејзиното детство и тоа што била девојче со големи соништа, нејзиното раскинување со Џастин Тимберлејк, моментот кога ја избричи главата и нејзината битка со семејството околу старателството“, вели еден извор близок до пејачката.

 

Наведено е дека тоа е воедно и приказна за преживување, излегување од конзервативното општество и пронаоѓање мир и среќа со сопругот Сем Ашгари.

 

Познато е дека Спирс работела со Сем Лански, фален писател и новинар кој пишуваше за „The Atlantic“, „New York Magazine“, „Time“ и ги профилираше ѕвездите како Мадона, Ники Минаж и Адел.

 

Исто така, „Page Six“ открил дека Бритни склопила значаен договор за книгата вреден 15 милиони долари, кои го склучиле „Creative Artists Agency“ и нејзиниот адвокат Метју Розенгарт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma