Откриено што мисли нејзиниот дечко:Ирина Шајк и Бредли Купер разменуваат нежности на одмор во Венеција

popara30 август, 20231min00
Ирина Шајк

Како во деновите на најголемата љубов и среќа, манекенката и актерот се шетаат гушкани и насмеани, иако Русинката веќе некое време е во врска со друг.

Руската манекенка Ирина Шајк (37) пред неколку дена сподели неколку моменти од одморот со нејзиниот поранешен партнер и познат холивудски актер Бредли Купер и нивната ќерка Леа де Сејн.

Познатата убавица позираше во долен дел од костимот за капење, притоа само ги покриваше градите со рацете,а објави и селфи од нејзиниот поранешен вереник за кое тој позираше без кошула.

Американскиот актер дојде во Венеција на премиерата на својот нов филм „Маестро“, а нема сомнеж дека со или без него ќе ја видиме и Ирина Шајк на црвениот тепих.

Во секој случај, тие беа фотографирани неколку пати веднаш штом пристигнаа во овој јадрански град, а папараците во неколку наврати ги забележаа како се гушкаат, а Бредли беше фотографиран и како нежно ја допира Ирина за рамото за време на ручекот.

 

Како што пренесува Daily Mail, американскиот фудбалер Том Брејди,со кој Ирина Шајк од неодамна е во емотивна врска, нема ништо против нивниот заеднички одмор.

– Том мисли дека е одлично што таа се грижи за детето заедно со Бредли бидејќи и тој има таков однос со бившите Жизел и Бриџит, па воопшто не е љубоморен кога Ирина поминува време со него и нивното дете – рекол извор близок до спортистот.
Покрај тоа, тој е воодушевен од тоа колку е хармонично семејството на неговата нова девојка.

– На Том му е мило што го гледа тоа бидејќи е семеен човек и знае низ што поминува Ирина, па уште повеќе ја почитува бидејќи таа е мајка и се справува со сето тоа, што не е лесно – додал анонимниот извор.

Инаку, Брејди ги има ќерката Вивијан (10) и синот Бенџамин (13) со манекенката Жизел Бундхен и синот Џек (15) со актерката Бриџит Мојнахан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag