Најголем пролетен алерген е поленот. Кога поленовите зрна, чии честички се мали и невидливи за голото око, преку воздухот ќе влезат во организмот на некој што е алергичен предизвикуваат активирање на имуниот систем.
Сите со нетрпение ја чекаме пролетта, топлото време и прошетките во природа. Но, за жал, токму пролетта е карактеристичен период од годината за сезонски алергии. Со цветањето на дрвјата поленот се ослободува и разнесува во воздухот, што предизвикува реакции кај луѓето кои страдаат од алергија.
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Носечките супстанци (алергени) кои предизвикуваат алергиска реакција, може да бидат: полен, храна, спори, животни, отров од инсектите итн.
Како настануваат пролетните алергии?
Најголем пролетен алерген е поленот. Кога поленовите зрна, чии честички се мали и невидливи за голото око, преку воздухот ќе влезат во организмот на некој што е алергичен предизвикуваат активирање на имуниот систем.
Нормално имуниот систем функционира како одбрана од штетни агенси (пр. бактерии и вируси). Кај поголем дел од алергиските реакции имуниот систем реагира на алергенот како на штетен агенс. При првиот контакт со алергенот, организмот произведува голема колична на антитела, кои се нарекуваат имуноглобулин Е (IgE). Овие антитела се соединенија од протеинска природа и тие се карактеристични за секој алерген (пр. за различни видови полен). Таквите антитела, се поврзуваат со мастоцитите кои во изобилство ги има под површината на кожата, во носот, во очите, бели дробови и во гастроинтестиналниот тракт, како и за крвните базофилни гранулоцити (клетки кои се ноѓаат во крвта). Кога алергенот повторно ќе дојде во организмот, тој се прилепува за две специфични IgE, прицврстени за горе споменатите клетки. Контактот помеѓу IgE и алергените претставува сигнал за мастоцитите и базофилните гранулоцити да произведуваат и ослободуваат силни инфламаторни материи, како што се: хистамини, простагландини и леукотриени. Ефектот на делување од овие хемиски материи на различни делови од телото предизвикуваат симптоми на алергиски реакции.
Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите, темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис, ринитис. Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат и астма.
Како се дијагностицираат пролетните алергии?
Вообичаено утврдувањето на алергиите се врши со посебни алерготестови. Точна дијагноза единствено врз основа на симптомите е тешко да се постави, бидејки овие симптоми се јавуваат и кај други состојби како на пример обична настинка. Но има симптоми кои можат да се забележат и без лекарска помош. Кај настинката симпотмите најчесто се проследени со покачена температура и секрет од носот кој најчесто за неколку дена станува зеленкаст и компактен. Oд друга страна кај алергиите не се појавува покачена температура и секретот најчесто е прозирен. Освен тоа симптомите се појавуваат наеднаш, и обично вклучуваат зацрвенети очи (алергиски коњуктивит) и напади на кивање. Во тек на врнежливи денови реакциите се помалку изразени бидејки водените капки од дождот го чистат воздухот од поленовите зрна.
За сигурна дијагноза се вршат така наречени алерготестови, како на пример тестот со prick методата каде со мала игличка се внесува мала количина на алергенот со слаба концентрација со убод во површината на кожата, а постојат и тестови со кои алергените се внесуваат со помош на инекција во подлабоките слоеви на кожата. Како резултат на овој тест се појавува оток и црвенило на кожата на местото на убодот, а во зависност од јачината и брзината на реакцијата лекарот може да утврди од која супстанција е предизвикана. Исто така осетливоста на некои алергени може да се утврди и преку тестови на крвта.
Како се лечи?
Алергијата во суштина е неправилно функционирање на имунолошкиот систем и класичната медицина не ги лечи алергиите. Сите лекови делуваат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергија. Таквите лекови ја блокираат реакцијата на имунолошкиот систем.
Постојат три основни постапки во третирање на алергијата:
Избегнување на алергени. Избегнувањето на поленот тешко може да се постигне, но следењето на одредени корисни совети може многу да помогне:
Направете тест на што сте алергични и побарајте совет од доктор кои лекови ќе ви ги олеснат симптомите;
Престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а дождливите денови одберете ги за прошетка;
Секогаш носете очила за сонце за да ги заштите очите од поленот;
Држете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на поленот од тој вид е висока.
Ублажувањето на симптомите со медикаментозна терапија. Алергијата не се лекува, но затоа се користат средства за нејзино ублажување. Треба да се нагласи дека симптомите на оваа алергија, посебно кај најмладите не треба да се занемаруваат, за да не се доведе до појава на хронична астма. Пред сè за третирањето на алергијата е потребно да се постави точна дијагноза. Откако ќе се постави точна дијагноза и немаме сомнение дека се работи за алергија на полен се започнува со третирање на симптомите на алергија со медикаментозна терапија која вклучува:
Антихистаминици, кои го намалуваат кивањето, течењето на нос, чешањето, преку намалување на хистаминот во организмот (таблети, спреј за нос, капки за очи);
Деконгестанти (капки за нос и очи);
Кортикостероиди (таблети, инекции, инхалатори).
Луѓето кои патат од алергиски реакции зависат од овие лекови за намалување на симптомите, но притоа често искусуваат разни нус појави од нивното користење, како што е случај при користењето на било кој друг фармаколошки производ.
Имунотерапија. За промена на алергискиот статус на организамот може да се примени специфична имунотерапија или алергиска вакцинација. Овој метод се применува само во случаи кога постои моносензибилизација, односно постои алергиска преосетливост само на една група на полен.
Природна алтернатива против алергии
Покрај конвенционалите медицински лекови, постојат и други природни средства за т.н. природна имунотерапија, со чие користење може да се ублажи или целосно да се отстрани пролетната алергија. Препораките генерално се однесуваат на зајакнување на имунитет, чистење на организамот, конзумирање на храна богата со витамин Ц и конзумирање на природни средства кои делуваат како антихистаминици. Така на пример, секојдневното конзумирање на една лажичка мед неколку недели пред да започне цветањето на растенијата, може значително да ја намали алергијата.
Слабиот имунитет е еден од главните фактори за појава на алергии. Затоа е многу важно да се користат средства за подобрување на имунитетот. Постојат голем број на природни зајакнувачи на имунитетот, како што е маслото од црно семе, маслото од семки од грејпфрут, прополис, ехинацеа итн.
Масло од црно семе- природен антихистаминик
Во голем број на научни и стручни истражувања, како едно од најефикасните природни средства против алергии, се посочува маслото од црно семе. Маслото од црно семе делува како природен антихистаминик и потребно е да се почне со негово конзумирање неколку недели пред почетокот на сезоната на алергии, за да се припреми организмот. Долгорочната употреба на ова масло може значително да ги намали алергиските симптоми, па дури и целосно да ги отстрани.
Маслото од црно семе содржи повеќе од сто активни супстанци, кои се извонредно балансирани, а негова главна активна состојка е Thymoquinon. Иако е познато уште од времето на фараоните, сепак посериозни испитувања за ова масло се направени во периодот по 1964 година. Досега се објавени преку 480 научни трудови кои се занимаваат со употребата на ова масло и сите упатуваат на фактот дека маслото од црното семе го јакне имунолошкиот систем и има силно изразени лековити својства, клучни за тертирањето на алергии.
Масло од семки од грејпфрут за зајкнување на имунитетот
Маслото од семки од грејпфрут, според голем број научни студии, важи за најдобар природен имуностимулатор и имуномодулатор во светот. Континуираната употреба на ова масло во мошне мала количина, го зајакнува имунитетот и го одржува на највисоко ниво, со што му овозможува на организмот да може лесно да се справи со алергиите.
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Биофлавоноидите го зајакнуват и одржуваат имунолошкиот систем на тој начин што го подигаат вкупниот број на Т-лимфоцитите и го подигаат нивото на Интерлеукин-Г и Имуноглобулин 1 и 2. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековот здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.