Откријте кој кашкавал најдобро оди на пица! Гастрономски совети кои злато вредат

popara22 август, 20231min00
605678_pica-bjanko_m

Постојат различни рецепти за подготовка на пица и нема некој кој не експериментирал со овој најпознат италијански специјалитет.

Иако многумина мислат дека клучно е да се направи добро тесто, потребно е нешто повеќе, а тоа е правилниот избор на кашкавал. Ако сакате да го израдувате вашето семејство или пријателите со сочно парче пица, погледнете кој кашкавал најдобро оди со ова солено уживање.

Моцарела

Моцарелата е најкласичното сирење за пица. Може да се случи свежата моцарела на пицата да испушти премногу вода, што ќе резултира со блуткаво тесто. Затоа моцарелата треба да ја завиткате во чиста кујнска крпа и да ја закачите некаде да се исцеди. Доколку оваа постапка ви е комплицирана, вишокот вода можете да го отстраните така што моцарелата ќе ја исечете на тенки парчиња, кои потоа треба да ги избришете со хартиена крпа.

Фета сирење

Иако не е вообичаено да се става фета сирење на пица, неговиот солен, малку земјен вкус добро го поднесува печењето и не се распаѓа во текстурата. Најдобро е да се комбинира фета со други сирења.

Сини сирења

Сините сирења со мувла како горгонзола или рокфор (француско сирење) на пица одат добро со свеж зеленчук како рукола и чери домати. Ваквите сирења му даваат посебна арома на овој италијански специјалитет, но поради силниот вкус не треба да претерувате. Освен комбинацијата со други сирења, сините сирења може да се додадат и при подготовката на бешамел сос, при правење „пелих пици“, т.е. оние без сос од домати.

Пармезан

Зрелите тврди кашкавали како пармезан или грана падано кашкавалот и даваат префинета нота на пицата, меѓутоа, поради нивниот специфичен вкус и сувост, таквите не треба да се печат, туку да се рендаат по печењето.

Гауда

Кај нас пицата најмногу се прави со полутврд, масен кашкавал од кравјо млеко, како што е гаудата, која има кремаста текстура. Гаудата добро се комбинира со други сирења како што се моцарела, фета, сино сирење, па дури и со чаден или козји и овчи кашкавал.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma