За да може облеката да ви трае што подолго, треба да се грижите за вашиот плакар.
За вашата облека секогаш да изгледа беспрекорно, обидете се со корисни и ефективни трикови.
Но, прво, дознајте што ја уништува гардеробата и предизвикува таа да се истроши пред време. И запомнете како да го организирате вашиот плакар:
Земете ги вистинските закачалки
Закачалка со остри рабови и поширока од рамената на облеката што ја закачувате на неа може да го промени оригиналниот облик на вашето сако, фустан или кошула.
Внимавајте како ја ставате облеката
Многу луѓе не го следат ова, но важно е да се погрижите да ги закопчате блејзерот, јакната или сакото кога ги закачувате на закачалката.
Правилно здиплете ги панталоните
Панталоните кои имаат шев важно е да се здиплат по шевот. Така ќе ја задржат својата форма.
Ставете ги торбите во платнени кеси
Се препорачува чантите да се чуваат во памучни кеси, кои ќе ги заштитат од прашина и друга нечистотија.
Плакарот треба да биде уреден
Никогаш не ја враќајте во плакарот облеката што собрала мирис на тутун или храна. Исто така, во шкафот треба да чувате освежувач на воздухот, миризлив сапун или средство против молци.