ОТСТРАНЕТЕ ГИ „ТОПЧИЊАТА“ ОД ДУКСЕРИТЕ: Ќе ви бидат потребни само неколку минути

popara2 мај, 20231min00
6958480a3949eb793d75284cc27ad9298e3cdfef

Сигурно сте виделе еден куп „топчиња“ на тренерката или дуксерот што толку многу го сакате? Кај некои материјали тоа ќе се случи по подолго носење. Пред миење, тие треба да се свртат внатре кон надвор, а температурата на водата не треба да биде повисока од 30C степени.

И покрај вниманието, модерната мешавина на памук и синтетика од која се шијат тренерките понекогаш „попушта“ и по само неколку перења. Ова особено се случува на деловите што се тријат со други – на пример, на внатрешните делови на нозете или ракавите.

Истиот проблем се јавува и со носење чанта или ранец – поострите материјали од кои се сошиени предизвикуваат формирање на „топчиња“ на почувствителните тренерки и дуксерите.

Ако имате машина за отстранување на слични грутки од ткаенина, како што е „тример“ за џемпер, веројатно се плашите да ја користите на памук. Затоа ќе ве воодушеви новиот совет кој се покажал како многу ефикасен за многумина.

Се што ви треба е кујнски сунѓер, кој треба да биде совршено чист, по можност нов. Раширете ја тренерката на рамна површина и рамномерно поминете со острата страна на сунѓерчето преку ткаенината. Прво движете се во една насока, а потоа ако се покаже дека некаде останало уште некое „топче“, вратете се на тој дел и движете се со мали движења. Погледнете сами како се прави.

@kate_cleanhome

Preparing for spring 🌤️🌷#LifeHack #lifehacks #lifehackvideo #lifehackstiktok #fyp #foryou

♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma