Отстранете го мирисот на ЧАД ОД ТУТУН ОД ДОМОТ: Три корисни трикови за кои не е потребна употреба на хемикалии

popara2 јуни, 20231min00
a0c839fe14f75c5a2f367926d6f34747ac3f7d9e

Неутрализирајте го мирисот на природен начин

Ви откриваме неколку одлични трикови како брзо и лесно да се ослободите од мирисот на чад од тутун.

Сода бикарбона

Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во просторијата за пушење. Можете исто така да посипете сода бикарбона на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисот од теписите, софите и фотелјите.

Бел вински оцет

Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигари. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги бироата, плакарите, полиците и другите места за складирање. Можете исто така да ги избришете подовите и прозорците. Ако мирисот на тутун е многу интензивен, можете да истурете оцет во шолја што ќе ја оставите преку ноќ во собата.

Мирисот на цитрус

Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун со портокали и лимони. Излупете ги, поделете ги на кришки, а потоа заедно со семките распоредете ги на помали чинии. Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Пријатен мирис наскоро ќе ја исполни просторијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag