ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕН ПРОЛЕТНИОТ ТРЕНД НА ЧЕВЛИ: На многумина нема да им се допадне, но веќе е ГЛАВНОТО ПАРЧЕ на улиците (ФОТО)

popara21 февруари, 20231min00
c536eb36ad95ca2f01411554da00d48728e2d983

Рамните балетанки ги преплавија полиците на познатите модни брендови

Иако последниве години беа донекаде запоставени на модната сцена, поради огромната популарност на чевлите како мокасини или оксфорд чевли, изминатата година навести големо враќање на балетанките. Овие лесни чевли ги има во понудата на многу брендови, на задоволство на многу љубители на модата.

Како и на почетокот на милениумот, балетаните со потпис на Миу Миу повторно се познати по тоа што се најпосакувани, а доказ за тоа се многуте стајлинзи видени на улиците на светските модни метрополи. Покрај сатенските убавици на Миу Миу, се издвојуваат минималистичките модели, а без разлика на трендовите, препознатливите балетанки на Шанел долги години се задолжителен модел во светот на модата.

Покрај дизајнерските брендови, омилените хај-стрит брендови како што се нискобуџетните брендови, достапни за секого, го потврдија и фактот дека во пролетните месеци сигурно насекаде ќе гледаме балетанки.

Сомот, кожа, сатен и неопрен се само дел од материјалите кои ги разубавуваат моделите на популарните балетанки, со украсни детали како светкави машнички, нитни и елегантни металик цветови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma