Дали знаевте дека можете да користите павлака во нега на кожата?
Особено ако е екстремно сува, дехидрирана и склона кон лупење?
Ова е храна која речиси секој ја има во фрижидер, а користејќи ја со некои други состојки можете да направите маска која целосно ќе ве освежи и ќе ги нахрани клетките на вашата кожа.
Маска за мрсна кожа склона кон акни
Додадете капки есенцијално масло од лаванда во лажица павлака и добро измешајте. Нанесете на лицето и добро измасирајте, а потоа оставете да делува 15 минути. После тоа, исплакнете со млака вода. Оваа маска го отстранува вишокот маснотии од површината на кожата и ја намалува иритацијата.
Плус совет – додека ја држите маската на лицето, можете да ставите кесички чај на очите.
Маска за сува и дехидрирана кожа
Измешајте една лажичка павлака со една лажичка маслиново масло, додадете капка есенцијално масло од лаванда и неколку капки чај од камилица. Оваа смеса нанесете ја на целото лице со масажа, оставете 15 минути и измијте ја со млака вода.