Палачинки од само ДВЕ СОСТОЈКИ: Без брашно, млеко и шеќер – Неодоливо вкусна и поздрава верзија (РЕЦЕПТ)

popara22 април, 20231min00
21ebe52c1394d217204c9b9d097f514386d827cd

Рецепт кој мора да го пробате уште денес

Доколку внимавате на исхраната или сте интолерантни на глутен, ова е совршениот рецепт за вас. Вака подготвените палачинки не содржат млеко, брашно или шеќер, па затоа се одличен избор за секое време од денот. Потребни ви се само две состојки кои веројатно ги имате дома и малку време.

Состојки:

4 големи јајца

2 големи банани

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата и бананите додека не добиете хомогена смеса. По желба можете да додадете малку цимет, екстракт од ванила или морско оревче.

На претходно загреана и подмачкана тава, пржете ги палачинките додека средишниот дел не стане посув, а рабовите не поруменат. Одделете ги палачинките една од друга со салфетки за да не се залепат

Повторувајте додека не се потроши смесата.

Послужете со џем, крем, овошен јогурт, сечкано овошје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma