ПАМЕТНИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ ПО НИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ Сите високоинтелигентни луѓе ги имаат овие маани

popara19 декември, 20231min00
Screenshot_3

Високата интелигенција секако е предност, но не е клуч за лесен, едноставен, среќен или пак исполнет живот.

 

 

 

Како одговор на тоа дали може интелигенцијата да биде и проклетство за некои луѓе, психолозите објаснуваат дека таа секако може да има негативни страни.

 

  1. Често размислуваат наместо да чувствуваат

 

Високо интелигентните луѓе можат да ги разберат чувствата многу добро, да размислуваат и разговараат за нив, но проблемот е во тоа што често не чувствуваат олеснување по нивното изразување. Тоа е чест проблем кај многу паметните луѓе, особено кај оние кои убаво се изразуваат. Тие ги користат зборовите како одбранбен механизам. Помалку комуникативните и вербални луѓе своето однесување го користат како издувен вентил – викаат, фрлаат нешто, плачат, скокаат, играат. Високо интелигентните луѓе ќе разговараат за тоа како се чувствуваат, а кога ќе се заврши разговорот сите тие чувства и понатаму ќе бидат заробени, вели психологот, Маркус Гедулд.

 

  1. Луѓето од нив очекуваат секогаш да блескаат

 

Во однос на натпросечните интелигентни луѓе општеството од нив ќе очекува повеќе – да бидат најдобри во се, без оглед за која област станува збор, па тие немаат со кого да разговараат за нивните слабости или несигурности.

 

  1. Потешко ја учат вредноста на напорната работа

 

Факт е  дека интелигентните луѓе ќе знаат подобро да ги распоредат нивните задачи и побрзо да ја завршат работата, односно со помалку труд отколку што би му требало на некој кој не е толку интелегентен. Сепак, интелегенцијата не води директно до успех, а високо интелигентните луѓе можеби никогаш нема да ја развијат упорноста која им е потребна за него.

 

  1. На луѓето им оди на нерви кога ги корегираат

 

Без оглед на тоа дали станува збор за обичен разговор или сериозна дисусија интелегентните луѓе најчесто имаат потреба да ги корегираат другите ако речат или тврдат нешто погрешно, а тоа значи дека другите ги доживуваат како сезнајковци, кои се напори во друштвото.

 

  1. Прекумерно анализираат

 

Луѓето со висока интелегенција прекумерно време трошат на размислуање и анализирање. Од прекумерни анализи произлегуваат и премногу грижи, како и тешкотии во изборот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma