На вчерашниот ден многу луѓе ја славеа љубовта, во западните земји е Свети Валентин, а богатата наследничка Парис Хилтон, која неодамна доби дете од сурогат мајка, избра облека што ја приспособи за Денот на вљубените.
Парис носеше црвен фустан со срциња на состанокот со нејзиниот сопруг Картер Реа, со кој вечераше во ресторан во Лос Анџелес.
Дека црвената е бојата на љубовта ѝ е добро познато на Парис, која комбинираше фустан со срциња со потпетици на кои имаше принт од усни на прстите.
На раката Парис носеше црвен блејзер, а на лицето во еден момент стави очила за сонце со розова рамка.
Дефинитивно, стајлинг кој ја слави љубовта.