Парис Хилтон јавно призна дека ја преиспитувала нејзината сексуалност пред да го запознае сегашниот сопруг

popara18 февруари, 20231min00
paris-hilton-2-830x0 (1)

Богатата Парис Хилтон откри дека се прашувала дали e асексуална неколку години пред да го запознае својот сопруг Картер Реум.

Ријалити ѕвездата се отвори во едно интервју, велејќи дека сè што било сексуално ја „преплашило“ во текот на нејзините 20-ти, и покрај нејзината репутација.

Наследничката на хотелот често била поврзувана со многу мажи пред да го запознае Картер во 2019 година.

Хилтон беше поврзувана со Леонардо ди Каприо, Ник Картер и Адријан Грени.

Таа исто така беше свршена уште четири пати, последен пат со Крис Зилка.

Парис во емотивно интервју открила детали од својот живот за кои досега не зборувала, пренесува „Харперс Базар“.

– Бев позната како секс симбол, но се што беше сексуално ме плашеше. Се нареков себе си „разбојник што се бакнува“ затоа што само сакав да се дружам. Многу од моите врски не функционираа поради тоа“, изјави Парис.

Таа исто така откри дека се предомислила дури кога го запознала Картер.

Двојката се запознала на собирот на еден семеен пријател за Денот на благодарноста во 2019 година, а таа рече дека почувствувала моментална искра.

– Дури до Картер, постојано бев таква – продолжи Парис и додаде:

– Уживам во врската со мојот сопруг – беше искрена.

Таа објасни како нејзиниот маж бил спротивен од она на што била навикната кога барала љубов.

– Тој не е познат. Тој е паметен. Потекнува од убаво семејство. Тој е добар човек – додала богатата и наследничка на империјата Хилтон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma