ПАСТА САЛАТА со ТУНА и ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ! Идеална за доцна вечера!

popara8 мај, 20231min00
696599_pasta-salata-tuna_f

Комбинацијата на тестенини со богат вкус на туна, крцкави пињоли, слатки печени пиперки и вкусни маслинки го прават ова јадење едноставно неодоливо…

Состојки:

маслиново масло

300 гр тестенини

четири печени пиперки

две конзерви туна

три лажици пињоли

мал грст црни маслинки

сок од помал лимон

сол, бибер, магдонос

Подготовка:

Сварете ги тестенините во посолена, зовриена вода, според упатството на пакувањето. Исцедете ги и ставете ги во поголем сад. Додадете ги сечканите печени пиперки, пињолите, исцедената туна и сечканите маслинки. Додадете сол, бибер, зачинете со магдонос, прелијте со свежо исцеден сок од лимон и маслиново масло, измешајте и веднаш послужете.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma