ПАСТА САЛАТА СО ЈАГОДИ И ГОРГОНЗОЛА: Одлична комбинација на вкусови, за било кое време од денот

popara7 јуни, 20231min00
711751_pasta_f

Малку тестенини, јагоди, рукола, горгонзола и уште неколку состојки ќе бидат доволни за оваа одлична салата.

Доколку сте љубител на тестенини, оваа комбинација со јагоди и горгонзола сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

маслиново масло

200 гр машнички (тестенини „фарфали“)

350 гр јагоди

две шаки рукола

125 гр горгонзола

половина шолја ореви

малку балсамико

морска сол

Подготовка:

Сварете ги машничките во солена, зовриена вода, според упатството на пакувањето, потоа исцедете ги, ставете ги во поголем сад и изладете. Додадете ливчиња рукола, сечканите јагоди, крупно исечканите ореви, горгонзолата исечкана на коцки, маслиново масло и балсамико, сè убаво измешајте, па веднаш послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma