Паузата од 5 минути за време на работата ја подобрува продуктивноста и ефикасноста за 50 проценти: Студија ги открива резултатите

popara11 јули, 20231min00
shutterstock1688449579-830x0

Правењето петминутна пауза „за мозокот“ може да ги зголеми перформансите и продуктивноста во задачите за повеќе од 50 проценти, покажа истражување.

Во експеримент на Универзитетот во Сиднеј, 72 студенти полагале два исцрпувачки тестови по ментална математика. Оние на кои им било дозволено пауза од пет минути помеѓу задачите, во просек постигнале 57 проценти повисоки резултати од оние кои работеле без застанување.

Некои од „одморените“ ученици правеле неструктурирани паузи, додека други биле замолени да гледаат релаксирачко видео од природа, но двете групи постигнале подобри резултати.

– Иако оваа студија беше спроведена на студенти, јас сум прилично уверен дека овие резултати можат да се применат и кај постарите луѓе. Одморот не е само за когнитивните функции, туку и за полнење на емоционалните батерии. Тоа е лесен трик за продуктивност кој е достапен за секого – вели професорот по образовна психологија Пол Гинс.

Тој истакнува дека студијата дала докази за ефикасноста на „техниката Помодоро“, која се залага за петминутна пауза по секои 25 минути концентрирана работа, пренесува „Dailymail“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag