Состојки:
100 гр црни маслинки
70 гр зелени маслинки
1 лажица сок од лимон
3 чешниња лук
60 мл маслиново масло
Подготовка:
Исплакнете ги маслинките добро под ладна вода и исцедете ги. Сите состојки ставете ги во блендер или сецко додека не добиете компактна маса.
Послужете со тостиран леб или свежо подготвена лепиња.