Иако сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, сушните периоди имаат и свои предности, особено за психата. Вишокот време е одлична можност да работите на себе и на вашата физичка форма.
- Подобра форма, поголема самодоверба
За време на сексот, жените можат да бидат крајно несигурни за своето тело, прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што лошо влијае на нивната самодоверба.
Периодот без секс ги менува приоритетите, па вишокот време може да се потроши на вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма сигурно ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе го подобри начинот на кој гледате на вашето тело.
- Можност за истражување на сопственото тело
Периодот без секс е одлична можност да го истражите сопственото тело. Оние кои никогаш не доживеале кулминација со партнерот можат да имаат најголема корист од ова, па сега можат да откријат што ги пали, а што не и кои допири всушност им се допаѓаат.
- Нема драма, ни страв од бременост
Животот во пар, и покрај неговите предности, може да биде многу напорен. Партнерите меѓусебно се координираат и прават компромиси, дури и кога е сексот во прашање, поради што кавгите се неизбежни.
Без секс нема ни драма што многу ќе ги смири нервите, а ни страв од несакана бременост.
- Повеќе ќе го цените сексот
Сушниот период ве учи повеќе да го цените сексот. Откако ќе заврши, тркалањето меѓу чаршафите ќе биде поинтензивно од кога било досега, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле истражувајќи го сопственото тело, пренесува „24sata.hr“.