Песната која ја „подигна“ кариерата на Витни Хјустон: Еве ја приказната зад овој хит

popara9 август, 20231min00
profimedia-0117865836-830x0

Витни Хјустон, која е родена на денешен ден, 9 август, имаше голем број хитови и неверојатна кариера. Самиот почеток на осумдесеттите ветуваше и навести дека ќе биде голема ѕвезда. Сепак, нешто „чкрипeше“.

Во времето кога Хјустон го издаде својот трет албум, „I’m Your Baby Tonight“, таа излегуваше од тригодишна пауза по рекордната серија од седум последователни бр. 1 синглови на Billboard Hot 100, пишува songfacts.com.

Проблемот беше што нејзината издавачка куќа чувствуваше дека Витни губи контакт со нејзината темна публика. Хјустон го отфрли тврдењето, велејќи за USA Today: „Јас не пеам музика мислејќи дека е црна или бела… Пеам песни што на сите ќе им се допаднат“.

Но, продуцентите ЛА Рид и Бејбифејс се согласија со тврдењето. Рид изјави за Билборд: „Сакавме да смислиме нешто што е различно од се што отпеала Витни, па му пристапивме од тој агол. Сакавме да и дадеме нов правец и да се насочиме онаму каде што чувствувавме дека ѝ недостига нешто, како да и требаше повеќе црна основа“.

Песната што ја „подигна“ кариерата на Витни Хјустон беше „I’m Your Baby Tonight“, која ги имаше сите елементи за да им се допадне на луѓето од сите раси. Според неофицијалната приказна, таа го извела овој број во студио во една пијана сесија, и тоа успешно, бидејќи наводно брзала во трговскиот центар за да не се затвори.

Има две верзии, американска и европска.

Да ја слушнеме европската:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag