На американската премиера во средата во Лос Анџелес, Форд и други актери од филмот, Фиби Волер-Бриџ, Мадс Микелсен, Тоби Џонс, Карен Ален прошетаа на црвениот тепих.
Филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“, по неодамнешната премиера на Канскиот филмски фестивал, официјално беше прикажан во Лос Анџелес, а наскоро ќе пристигне и кај нас
На американската премиера во средата во Лос Анџелес, Форд и други актери од филмот, Фиби Волер-Бриџ, Мадс Микелсен, Тоби Џонс, Карен Ален прошетаа на црвениот тепих.
Пред фоторепортерите се најдоа и творецот на ликот на Индијана Џонс, продуцентот Џорџ Лукас и Стивен Спилберг, режисерот на претходните филмови од серијалот „Проколнатиот храм“ (1984), „Последната крстоносна војна“ (1989) и „Кралството на кристалниот череп“ (2008).
„Неизоставен беше и Џејмс Манголд, режисерот кој ја имаше честа да го режира овој петти дел за легендарниот херој, археологот, а според најавите на авторот и последното продолжение на сагата“, објави Мегаком.
Филмот на Манголд е сместен во 1969 година, кога е време Џонс да се пензионира, но работите се менуваат кога ненадејно ќе го посети ќерката на поранешен пријател која се обидува да најде редок артефакт што нејзиниот татко му го доверил на Индијана пред неколку години.