Пет знаци кои порачуваат дека вашето куче е исплашено

popara30 декември, 20231min00
1697195060-pexels-viktorya-sergeeva-🫂-9102176-750x563

Кучињата чувствуваат страв, нервоза, непријатност, исто како и луѓето. Со својот говор на телото, вашето домашно милениче ќе ви каже кога има такви чувства, а стравот кај кучето ќе го препознаете по следните пет знаци.

1. Кучето ја влече опашката до телото или ја пика меѓу нозете

Ова е знак дека кучето е исплашено, дека се плаши од болка или дека не се чувствува удобно. Доколку не гледате очигледни знаци на загриженост, а вашето куче често ја става опашката меѓу нозете, треба да го однесете на ветеринар.

2. Ушите на кучето се спуштени до главата

Ако кучето ги спушти ушите и ги притисне на главата, тоа може да значи дека се плаши од луѓето кои се во негова близина, но со овој вид на говор на телото кучињата можат да реагираат и на луѓе кои не ги познаваат. Понекогаш на кучето му паѓа само едното уво, обично левото.

3. Кучето зева постојано

Зевањето често значи дека кучето е раздразливо и нервозно. Малите кучиња често зеваат кога се опкружени со големи, непознати кучиња. Но, ако кучето проѕева откако вие се проѕевате, тоа значи дека е многу приврзано за вас.

4. Кучето го лиже лицето и дише на уста кога не е жешко

Со лижење на усните и носот, кучето ви дава до знаење дека е напнато или дека чувствува опасност. Исто така, кучето треба да е задишано само кога е топло, па ако забележите дека вашето куче дише силно кога температурата не е висока, веројатно се плаши од нешто.

На пример, ако кучето го сака својот ветеринар, но не и прегледите, а во исто време претерано мавта со опашката и задишан кога го носите на ветеринар, ова може да ви открие дека кучето е и возбудено и нервозно или дека се плаши. Смирете го вашиот миленик со мирен глас и топол физички контакт. Откријте кои се најпаметните раси на кучиња во светот.

5. Кучето шета или трча нервозно

Како и луѓето, кучињата исто така користат повеќекратно одење од една до друга точка за да се ослободат од напнатоста што ја чувствуваат поради одреден страв. Обрнете внимание ако кучето не сака да седи мирно или ако шета нервозно затоа што можеби ви кажува дека се плаши од нешто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag