Пет идеи како ЦРНИТЕ ХЕЛАНКИ да ги претворите во елегантно парче за излегување или работа

popara20 септември, 202315min00
62387167-tajice (1)

Додека сакаме комбинации кои вклучуваат фармерки, панталони во фустани, лелеави фустани, миди здолништа… има и оние денови кои повикуваат на хеланки и ништо друго.

Едноставните црни памучни хеланки се удобно парче кое порано го поврзувавме исклучиво со останување дома.

Сепак, хеланките можат да бидат дел и од попрефинети изданија. Доколку ве интересира како удобните хеланки да ги претворите во парче што ќе го носите на работа или за дружење со вашите пријатели, подолу се неколку совети, односно парчиња облека, благодарение на кои хеланките ќе се подигнат од парче облека за низ дома на ново ниво.

1. Преголема кошула

Белата кошула со големи димензии ќе ги направи хеланките парче погодно за на отворено и одење на работа без да мора да ја жртвувате удобноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Rose Thatcher (@emmarosestyle)

2. Подолга јакна

Сакото е секогаш добра идеја, а кога се комбинира со хеланки и добри чизми, станува дел од комбинација идеална за излегување од дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rose Maria B. (@rosemaria_b_)

3. Спортски дуксер

Доколку сакате да ја постигнете естетиката на кул девојка, тогаш комбинацијата од супер мек дуксер и хулахопки е вистинскиот избор за вас. Кога ќе залади, облечете капут преку комбинацијата и спремни сте да се дружите со пријателите.

Kombinacija sportske majice i tajica

4. Џемпер или кардиган во неутрална боја

Признајте дека едвај чекате да ја облечете прекрасната трикотажа која чека во вашиот плакар. Комбинацијата на неутрален џемпер или кардиган и црни хулахопки ќе биде една од оние кои нема да сакате да ги соблечете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marianne Smyth (@smythsisters)

5. Топ + кошула

Ребрести блузи веќе некое време се голем моден хит. Тие беа многу популарни во текот на летото и ќе останат такви за сезоната есен/зима.

Се што треба да направите е да облечете широка кошула одозгора и да организирате дружење на кое ќе се појавите во оваа удобна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Mory (@tamaramory)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag