Пет навики кои можат да бидат штетни по здравјето на МОЗОКОТ: Можат да го забрзаат процесот на стареење и да не направат пораздразливи

popara20 април, 20231min00
ee198712e95485346430c997c2054ac163717cad

За да го зачувате вашето психофизичко здравје, внимавајте на секојдневните навики

Стареењето е природен процес кој го чека секој од нас. Со напредните технологии можеме да ги направиме брчките помалку видливи, но клучно е да се избегнуваат навиките кои му штетат на здравјето и го забрзуваат стареењето на мозокот.

Недоволна количина на сон

Доволното спиење е од витално значење за одржување на вашиот мозок здрав. На крајот на краиштата, ова е моментот кога нашиот ум е во состојба да се „наполни“ и да се обнови.

„На постарите луѓе им треба малку помалку сон од помладите – седум до осум часа, наместо седум до девет часа“, тврди д-р Бол и додава:

„Ако не спиете доволно, може да се чувствувате заборавно, раздразливо, депресивно. Затоа е важно да се придржувате до распоредот за спиење и да се трудите да не дремете подоцна во текот на денот. Не користете сино светлосни екрани во вашата спална соба, чувајте го вашиот простор за спиење на точно соодветна температура и избегнувајте кофеин во доцните попладневни часови“, советува докторот.

Лош социјален живот

Одржувањето добар социјален живот е од суштинско значење за здравјето на мозокот. Градењето мрежа на пријатели и вклучувањето во групни активности делува како вежба за мозокот. Како? Дружењето го одржува мозокот остар и ги зајакнува когнитивните функции.

Конзумација на алкохол

Уште една лоша навика за мозокот е пиење премногу алкохол. Експертите тврдат дека пиењето алкохол им отежнува на деловите од мозокот одговорни за меморијата, рамнотежата и говорот ефикасно да ја вршат својата работа.

„Мажите не треба да пијат повеќе од два пијалоци дневно, а жените не повеќе од еден“, вели д-р Бол.

Седечки начин на живот

Седечкиот начин на живот не е добар за здравјето на целото тело, вклучувајќи го и мозокот.

„Ако работите на компјутер или на друг начин поминувате значително време седејќи и не се движите, обидете се да најдете начини да вклучите повеќе активност во вашиот секојдневен живот, како што се домашни работи или одење на прошетка за време на ручекот“, вели докторот.

Постојан стрес

Постојаниот стрес може негативно да влијае на мозокот. Лекарите тврдат дека постојаната состојба на стрес ќе го активира центарот за страв во мозокот. Нивото на кортизол редовно ќе се зголемува, што може да доведе до други проблеми со спиењето, варењето и имунолошкиот систем. Стресот всушност може да ја промени структурата на мозокот и да го зголеми ризикот од ментални болести.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma