Пет начини на кои недостатокот на јод го загрозува вашето здравје

popara22 август, 20231min00
545510_shutterstock-761010730-2_m

Во Европа нема униформни податоци за внесот на јод, па може само да се шпекулира за последиците од недостатокот.

Проф Др. Хенри Волцке од Медицинскиот факултет во Грајфсвалд, Германија вели: „Убеден сум дека подобрениот внес на јод може да ја направи Европа попаметна“.

Јодот е една од 50-те хранливи материи што ви се потребни секој ден за да бидете здрави. Тој е суштински минерал, исто толку важен како железото, магнезиумот или цинкот, иако не му се посветува потребното внимание.

Недостатокот на јод може да влијае на:

  1. Отекување на тироидната жлезда – како што се намалува нивото на јод во крвта, тироидната жлезда, сместена во вратот, станува се поголема. Тоа е затоа што се обидува да собере и она малку јод што го има во крвотокот.
  2. Ниско ниво на тироидни хормони – нискиот внес на јод ќе доведе до пониско ниво на самите хормони, кои се потпираат на јодот како градежен материјал. Двата тироидни хормони се Т4 или тироксин и Т3 или тријодотиронин. Т3 има три атоми на јод, а Т4 има четири атоми на јод.
  3. Зголемување на телесната тежина или неможност за слабеење – може да биде знак за недостаток или инсуфициенција на јод.
  4. Замор и слабост – бидејќи јодот е потребен за здрав метаболизам, тогаш недостатокот кој го забавува метаболизмот ќе направи да се чувствувате уморно. Повеќето луѓе со ниски нивоа на тироидни хормони и/или хипотироидизам доживуваат замор и општа слабост.
  5. Проблеми со концентрација, помнење и нарушувања на расположението – ниското ниво на тироидни хормони е поврзано со депресија и анксиозност. Ниските нивоа на Т4 и активниот тироиден хормон Т3 негативно влијаат на нивото на серотонин, допамин и ГАБА. Сите овие невротрансмитери влијаат на когницијата, однесувањето и расположението.

Како се спречува недостатокот на јод?

Најдобар начин да се спречи недостаток на јод е да се погрижите да консумирате доволно од овој скапоцен минерал секој ден.

Најдобрите извори на јод се рибата, ракчињата, морските плодови и морските алги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma