Пет НЕВЕРОЈАТНИ ТРИКОВИ СО ЛАК ЗА КОСА: Ќе ви олесни многу домашни работи

popara9 јануари, 20231min00
7a7f45742fa45031841787e67f201c964b2ae3ab

Не е корисен само за обликување на косата

Не мора да ви кажуваме за што е првенствено наменет лакот, тоа ви го кажува неговото име. Оваа алатка ви помага да ја задржите вашата фризура на место и да ги скротите непослушните прамени.

Имаме уште една одлична вест за вас, можете да го користите лакот за коса и за други работи. Постојат многу начини да го користите во домаќинството за кои не сте замислиле дека можат да ви го олеснат секојдневието.

Ова се само некои од нив:

Провлекување на конецот низ иглата

Ако нешто бара посебен вид на концентрација, тоа е сигурно провлекувањето на конецот низ иглата. Дури и ако го правите тоа со години, многу е лесно да дојдете до момент на фрустрација. Имаме решение кое ќе ви помогне да го направите тоа момент на опуштање, а се што ви треба е лак за коса. Откако ќе го исечете парчето конец, испрскајте го со лак за коса. Почекајте неколку секунди и ќе видите како врвот на конецот се стврднува, што ќе го олесни провлекувањето низ иглата.

Одржете ги цвеќињата свежи

Добивте прекрасен букет и сакате да трае подолго? Лакот за коса може да ви помогне и во тоа бидејќи ќе ги одржи цвеќињата свежи и ќе го одложи венеењето. Попрскајте го лакот на ливчињата, стеблото и листовите. Цветовите ќе го задржат својот убав изглед подолго бидејќи вие всушност сте ги заштитиле.

Отстранете ги дамките од мастило

Едноставно и лесно! Можеби не сте ни забележале дека маицата сте ја извалкале со пенкало, но не треба да се грижите, лесно можете да ја отстраните дамката. Испрскајте лак за коса над дамката со мастило, почекајте околу 30 секунди и избришете со влажна крпа. Ќе ви треба лак за коса на база на алкохол, а на мешавини од полиестер ќе даде најдобри резултати. Сепак, без оглед на видот на ткаенината, ова треба да помогне да се отстрани барем дел од мастилото.

Исушете ги ноктите

Ова е еден од оние совети кои веројатно ви ги кажале мама и баба, а се пренесува низ генерации затоа што е добар. Имено, лакот за коса ќе помогне лакот за нокти да се исуши побрзо. Откако ќе се ислакирате, попрскајте го лакот за коса на ноктите од неколку сантиметри оддалеченост, но темелно, за побрзо да се исуши.

Стоп за понатамошното уништување на хулахопките

Уште еден трик кој им е познат на многу жени, а е многу корисен во незгодни ситуации. Доколку вашите хулахопки имаат дупка, можете да спречите нејзино ширење со прскање со лак за коса, секако на „критичното“ место. Ова ќе ги направи вашите хулахопки лепливи, па не претерувајте, но ќе ви помогне да останете во нив цел ден без постепено да се распаѓаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag