Иако бракот треба да претставува круна на врската меѓу две лица, неговото склучување, за жал, често се случува од голем број погрешни причини.
Без разлика дали се работи за безбедност, финансиска или емотивна или фактот дека сте поминале многу време со некого, тоа не се причини да се посветите на некого за вечна љубов и поддршка.
Можеби ќе се изненадите, но секако ова не се единствените причини поради кои некој се решава на ваков важен и голем чекор.
Сигурни сме дека има и други причини надвор од оваа кратка листа, но ова се најчестите, и сосема погрешни за судбоносното „ДА“.
„Ние сме долго време заедно, па…“
Често се случува некои парови да се венчаат само затоа што поминале долго време заедно. Токму поради тоа, се случува многу брзо да имаат прилично неостварени животи.
„Ние сме на таа возраст“
Сите ваши пријатели се веќе во брак, а вие двајца сте на возраст на која треба да се венчате? Ако возраста не е фактор кога станува збор за забава, зошто е фактор кога станува збор за бракот?
„Сите го очекуваат тоа од нас“
На многу парови им е тешко да одолеат на притисоците на околината, било да е тоа од родителите или пријателите. Сепак, никогаш не треба да правите нешто за некого.
„Мојот биолошки часовник отчукува“
Ова е особено точно за жените. Иако биолошкиот часовник е навистина важен за репродукција, тоа не значи дека бракот е решението.
„Тоа ќе биде моја финансиска сигурност“
Во денешно време многу парови се одлучуваат за брак поради финансиите. Треба да знаете дека тоа не носи среќа.